Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија повторно рутински го совлада Чиле

Македонија повторно рутински го совлада Чиле

Подмладената ракометна репрезентација уште еднаш немаше проблеми да го совлада Чиле , денеска избраниците на Данило Брестовац славеа со 28:24.

Без Кире Лазаров и Стојанче Стоилов нашата репрезентација рутински го совлада Чиле, кој беше рамноправен само во првите десетина минути.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоа Македонија наметна ритам и почна да игра подобро, па на полувреме заминавме со 16:12.

Чиле почна добро во вториот дел и намали до еден гол разлика, но Македонија искусно го чуваше водството и на крај победи со 28:24.

Брестовац им даде шанса на сите ракометари, најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со четири,  Талески, Поповски и Пешевски постигнаа по идентични три гола.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…