Дома Фудбал И Пике влегува во трката за претседател на Барселона!?

И Пике влегува во трката за претседател на Барселона!?

Стоперот на Барселона, Жерар Пике одлучил да се кандидира за претседател на Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.

Пике во овој момент се опоравува од повредата на коленото која ја заработи во натпреварот против Атлетико Мадрид. Шпанскиот дефанзивец одби операција и докторите се обидуваат да го спремат за нормално продолжување на кариерата, но не можат да му ветат дека ќе нема проблеми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самиот Пике смета дека клубот за во иднина е добро покриен на стоперската позиција. Во овој момент него го менува младиот Роналд Араухо, а Барселона има намера да го доведе и Ерик Гарсија од Манчестер Сити.

Дури и да ја продолжи кариерата Пике има намера да се кандидира на изборите кои се на распоред на 24. Јануари. Тој од клубот веќе побарал да се промени статутот за на активните играчи да им се дозволи да поднесат кандидатура за претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…