Дома Фудбал Веќе е на повидок новиот претседател на Барселона

Веќе е на повидок новиот претседател на Барселона

Екипата на Барселона на 24. јануари ќе го добие новиот претседател.

Откако после големиот притисок од јавноста Бартомеу си поднесе оставка, започна трката за негов наследник.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Според анкетите на каталонските медиуми голем фаворит за победа е Хуан Лапорта, човекот со кој Барселона од 2003. до 2010. година освои се што можеше да се освои.

Дури 78.1 процент од членовите на клубот кои имаат право на глас планираат да гласаат за Лапорта, а зад него далеку се Виктор Фонт со 9.7 и Фаре со 2.4.

Така Лапорта како голем фаворит влегува во изборот и ќе биде вистинско чудо доколку на 24. јануари не биде изберен за претседател на клубот.

Под водство на Лапорта, Барса во периодот од 2003. до 2010. година освои 12 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим доби последна шанса, на чекор е од отказ

Сер Џим Ретклиф наводно имал разговор со Рубен Аморим за неговото работно место по ужаснио…