Ракометната репрезентација на Македонија требаше да игра два пријателски натпревари против домаќинот на СП Египет пред почетокот на турнирот, меѓутоа дуелите се откажани.
Египет беше планиран за спаринг партнер во декември, меѓутоа „Фараоните“ нема да допатуваат во Скопје поради ситуацијата со коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Опција за пријателски натпревар сега останува репрезентацијата на Чиле која за СП ќе се спрема во Македонијата. Хотел „Русија“ треба да биде местото каде што ќе престојуваат Чилеанците. Со Чиле Македонија би одиграла еден пријателски натпревари во јануари.
Македонија како што е познато не учествува на СП во Египет, но ЕХФ не одреди за прва резерва па доколку некоја репрезентација од одредени причини го откаже учеството на Мундијалот ние ќе бидеме замената. Поради тоа селекторот Данило Брестовац сака квалитетни подготовки.