Диего Армандо Марадона почина во средата по срцев удар неговиот дом, а сега стигна неверојатно барање од едно 19 годишно момче.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ова момче преку својот адвокат бара да се откопа телото на Марадона за да се направи ДНК тест преку кој тој ќе докаже дека Диего е негов татко.
Toј тврди дека е шестото дете на Марадона, неговата борба ја започнал уште во 2013 година кога имал само 13 години. Неговата мајка која претходно починала, Наталија Гарат му кажала дека Диего е неговиот биолошки татко.
„Мајка ми ми кажа дека сум син на Диего. Сакам да знам кој сум и кој ми е татко. Финансиите не ме интересираат. Знам дека ќе предизвикам бура во Аргентина, но ако не се направи тоа немам како да добијам ДНК“, изјави 19 годишниот Сантијаго Лара.