Дома Фудбал Лига на шампиони Огромни проблеми за Тухел: За дуелот со Лајпциг остана и без Мбапе

Огромни проблеми за Тухел: За дуелот со Лајпциг остана и без Мбапе

Томас Тухел се соочува со големи проблеми пред дуелот со германски Лајпциг.

Францускиот клуб на својата официјална страна објави дека овој дуел ќе го пропушти и Килијан Мбапе кој заработил повреда на гости кај Нант.

Мбапе на тој натпревар асистираше за првиот и го постигна вториот гол во победата од 0:3, а од игра излезе во 74. минута. Од ПСЖ известија дека состојбата со Мбапе повторно детално ќе се провери за два дена.

Освен Мбапе, тренерот на ПСЖ поради повреди не ќе може да смета на Нејмар, Верати и Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хари Кејн објави каде ја продолжува кариерата

Хари Кејн отворено зборуваше за преговорите со германскиот гигант и практично потврди дека…