Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло утре ќе го има своето деби во Лигата на шампиони како тренер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пирло за официјалната страна на УЕФА имаше интервју во кое откри кој тренер е негов модел чиј пример ќе го следи.
„Гвардиола е пример за сите, еден од најдобрите во светот. Тој им помогна на младите тренери кои сакаат да промовираат напаѓачки фудбал. Секој од нас има свои идеи, но тој е модел за целиот фудбал. Ми се допаѓа неговиот стил, тој секогаш напаѓа и влијае на играта со цел да влијае на секоја ситуација. Тоа мора да биде нашата цел“, изјави Пирло.
За Пирло ова е прва сезона како професионален тренер и тоа на клупата на еден од најголемите клубови во Европа.