Дома Фудбал Италија Три важни потписи во Милан, Ибра добива „доживотен“ договор

Три важни потписи во Милан, Ибра добива „доживотен“ договор

Директорот на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот работи на продолжување на договорите на Џанлуиџи Донарума, Хакан Чалханоглу и Златан Ибрахимовиќ.

„Тоа се многу важни фудбалери за нас, работиме на нивните нови договори. Имаме планирани средби во наредните денови и се надеваме дека набрзо ќе стигнеме до договор“, изјави Малдини.

Донарума и Чалханоглу влегоа во последната година од договорот, па клубот веќе подолго време работи на продолжување на соработката.

Новината е што Милан му нуди на Ибрахимовиќ „доживотен“ договор. Иако има 39 години, со оглед на неговите перформаси „росонерите“ сметаат дека може да игра уште една година, а потоа ќе добие директорска функција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…