Дома Фудбал Италија Каков ден во Серија А: Пет натпревари – 28 гола!

Каков ден во Серија А: Пет натпревари – 28 гола!

Дека Италијанците повеќе не играат само „катанаџо“ доказ беше и вчерашниот ден во Серија А.

Имено вчера во Италија се одиграа пет натпревари и во нив паднаа 28 гола – 5.6 голови во просе по натпревар. Најефикасни беа Рома – Беневенто натпревар кој се играше во вечерниот термин, 5:2 за „волчицата“ и Болоња – Сасуоло (12:30) дуел кој заврши со победа на гостите од 3:4 откако домаќините водеа со 3:1. Спезија и Фиорентина одиграа 2:2, а со по 3:2 победи запишаа Удинезе дома против Парма и Каљари кај Торино.

Просекот на голови не беше лош ниту во саботата. На четири натпревари беа постигна 13 гола што носи просек од 3.25 по натпревар. Наполи со 4:1 ја победи Аталанта, Сампдорија го доби Лацио со 3:0, Милан славеше во градското дерби со Интер 2:1, додека Јувентус ги разочара навивачите со ремито кај Кротоне (1:1).

Колото ќе биде затворено вечерва во кое Горан Пандев и Џенова ќе гостуваат кај Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Премиерлигашки тренери молчат за пресудата на Манчестер Сити

Тренерите на Премиер лигата првпат се соочија со медиумите по пресудата за Манчестер Сити.…