Дома Фудбал Италија Скандал во Јувентус: Дибала се степал со директорот

Скандал во Јувентус: Дибала се степал со директорот

Голем скандал го тресе Јувентус откако Пауло Дибала вербално го нападнал директорот на клубот Фабио Паратичи после синоќешниот меч со Кротоне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала до сега нема одиграно ниту една минута во новата сезона, а синоќа цел натпревар против Кротоне го преседи на клупата за резерви.

Весникот „Тутоспорт“, кој е близок до Јувентус“, открива дека по завршувањето на натпреварот Дибала вербално го нападнал директорот Паратичи, а потоа дошло до голема расправија во соблекувалната.

Наводно дошло и до физичка пресметка помеѓу двајцата, која набрзо била спречена од соиграчите.

После оав тешко дека Дибала ќе го продолжи договорот, а Јувентус сигурно ќе се обиде да го продаде во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Талески: Подготвени сме за предизвикот кој нè очекува во ЛШ!

Чуварот на мрежата на македонскиот шампион Вардар, Давор Талески кажа дека е задоволен од …