Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ покажа дека коронавирусот не влијае на неговата форма, откако со два гола му донесе победа на „росонерите“ во градското дерби.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот напаѓач, исто така, е лидер на листата на стрелци во Серија А со четири погодоци, со само два одиграни натпревари.
„За мене, ова дерби беше голем облог. Милан немаше победено дерби во последните четири години. Бев затворен дома две недели, па бев многу гладен и го покажав тоа со моите два гола. Го изгубив чувството за вкус малку, но имав тестови на секои три дена и никој не можеше да ме спречи да играм на дербито. Разочаран сум што мојот пенал беше одбранет, но важно е што тимот победи. Овој успех е за навивачите. Јас сум најстариот во тимот, чувствувам голема одговорност и ми се допаѓа ова чувство затоа што секој го следи мојот пример и е гладен за победи“, изјави Ибра
„Да ја имав мојата физичка подготвеност од пред 10 години, никој немаше да ме спречи. Всушност, и сега не можат да ме запрат. Тренирам напорно, играм со искуство и со соиграчи кои се подготвени да ми помогнат. Нема да дозволам да го кренат стапалото од гасот ниту на тренинг или на натпревар. Ние секогаш треба да тренираме со 200%. Едноставно е, како што тренираш, така играш“, заклучи Ибра.
?️ Head over to the app to hear what @Ibra_official had to say after our derby win
— AC Milan (@acmilan) October 17, 2020
? https://t.co/k2zluibzhx#InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/h64go18iqx