Дибала се уште ги чека првите минути во новата сезона. Шанса не доби ниту против Кротоне.
Аргентинецот се загреваше долго во второто полувреме, но Андреа Пирло не одлучи да го внесе во игра. Главната причина е што не бил доволно подготвен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако натпреварот заврши на патот кон соблекувалната Дибала направи мал скандал откако на директорот Паратичи му дофрлуваше зошто не бил внесен во игра.
На прес конференцијата после натпреварот Пирло ја “замолчи“ десетката на Јувентус со образложение зошто офанзивецот не добил минутажа.
„Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативната пауза со гастроентеритис. Ова не беше идеален натпревар за него да игра бидејќи имавме и играч помалку.“ – објасни Пирло.
Натпреварот со Кротоне заврши 1:1, а Јувентус во поголемиот дел од натпреварот изгледаше безидејно и очајно, па пред Пирло е доста работа, а распоредот е исклучително густ.