Дома Фудбал Италија Роналдо го прекршил протоколот, тврди министерот на Италија

Роналдо го прекршил протоколот, тврди министерот на Италија

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо не ги запазил правилата на здравствените власти при враќањето во Торино, откако му беше дијагностициран коронаворус во Португалија.

Ова го потврди министерот за здравство на Италија, Винченцо Спадафора, откако вчера Роналдо изненадувачки се врати во Торино пред истекувањето на наложениот карантин во својата татковина.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали Роналдо го прекрши протоколот? Да, мислам дека го прекршил, освен ако немал специјално решение од здравствените власти“, изјави Спадафора, кој не се изјасни дали Португалецот или неговиот клуб ќе бидат санкционирани.

Роналдо се врати во Италија бидејќи според новиот закон на Апенините карантинот трае само 10, а не 14 дена како претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп доаѓа во Реал и подготвува најголем потрес во историјата на клубот: Тројца веќе ги пакуваат куферите

Германскиот стручњак Јурген Клоп е главниот кандидат за тренерската позиција на Реал Мадри…