Бразилскиот напаѓач Александре Пато моментално е без клуб откако неодамна му истече договорот со Сао Паоло.
Пато се врати во Сао Паоло пред година дена откако претходно две сезони помина во Кина. Со бразилскиот клуб не договори продолжување на соработката и веќе еден месец е без договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, овој 31-годишен напаѓач наскоро може да се врати во Серија А и да му биде соиграч на Горан Пандев. Познато е дека Пато своевремено го носеше дресот на Милан, а Сан Сиро го напушти пред седум години кога се врати во Бразил.
Сепак, медиумите на Апенините пишуваат дека Пато повторно сака да заигра во Серија А и дека на маса има неколку интересни понуди. Веќе е во преговори со Џенова која му понудила на Пато договор кој тој го побарал и кариерата веројатно ќе ја продолжи токму во тој клуб.
Пато во Милано играше шест години и на 117 натпревари постигна 51 погодок.