Шпанските и француските медиуми објавија дека Флоријан Тован наредното лето како слободен играч ќе потпише за Милан.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Наводно, Товин постигнал усмен договор со челниците на Милан, па така на Сан Сиро овој крилен играч ќе дојде бесплатно, откако ќе ја заврши сезоната 2020/21 во Марсеј.
Товин одби да ја продолжи соработката со Марсеј, а 27-годишниот француски репрезентативец може да биде големо засилување за Росонерите.
Тој исто така беше на мета на Рома, но на крајот се одлучи за црвено-црните. Негова предност е што може да игра на секоја позиција во офанзивата.