Дома Фудбал Италија Ериксен: Не сакам да бидам резерва до крајот на сезоната

Ериксен: Не сакам да бидам резерва до крајот на сезоната

Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен јавно го кажа своето незадоволество од ситуацијата во која се наоѓа.

Ериксен во јануари пристигна од Тотенхем како големо засилување, но не се вклопува во формацијата на Конте, па главно е на клупата за резерви.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Данецот не е задоволен поради таквата ситуација и очекува да добие поголема шанса од тренерот во продолжение на сезоната.

„Не сакам да седам на клупа цела сезона. Се надевам дека тоа не е намерата на тренерот и на клубот. Сезоната е долга, има многу натпревари, па се надевам дека ќе добијам шанса“, истакна Ериксен.

„Клубот имаше големи надежи кога ме доведе, луѓето мислеа дека ќе имам важна улога во тимот, но тоа не се случи. Сега сите ме гледаат со други очи. Во медиумите имаше шпекулации за мој трансфер, но ништо конкретно“, додаде Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…