Италијанските медиуми пренесуваат дека во редовите на Милан денес уште еден фудбалер дал позитивен тест на Ковид 19.
Станува збор за дефанзивецот Матео Габија, кој покажал позитивен тест во базата на младата италијанска репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова е трет случај на Ковид во редовите на Милан после Лео Дуарте и Ибрахимовиќ, кои пред 15 дена дадоа позитивен тест.
Младиот Габија од почетокот на сезоната ги одигра сите натпревари за Милан со оглед на големиот број отсуства во одбраната.
Тој нема да може да настапи на дербито против Интер следниот викенд, но добрата вест за „росонерите“ е што се враќа капитенот Алесио Ромањоли.