Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ со нов позитивен тест на Ковид

Ибрахимовиќ со нов позитивен тест на Ковид

Милан денес потврди дека Златан Ибрахимовиќ дал позитивен тест на Ковид и на најновото тестирање.

39-годишниот напаѓач беше откриено дека е заразен со коронавирус на 24 септември, заедно со Лео Дуарте, а и после 14 дена двајцата повторно се позитивни.

Милан идната сабота го игра миланското дерби против Интер, па прашање е дали Ибрахимовиќ ќе биде во комбинација за тој дуел.

Во следните два дена повторно ќе му бидат направени тестови на двајцата фудбалери, а во Милан се надеваат дека што побрзо и двајцата ќе бидат негативни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…