Дома Фудбал Италија На Наполи му се одзема бод, мечот со Јувентус добива нов датум?

На Наполи му се одзема бод, мечот со Јувентус добива нов датум?

Jувентус и Наполи не го одиграа својот натпревар во Серија А претходниот викенд.

Играчите на Наполи не допатуваа во Торино, а торинскиот тим излезе на терен почитувајќи го протоколот кој го одреди Серија А. Така според правилата Јувентус би требало да го добие натпреварот со службени 3:0, но според информациите  кои ги пренесува „Кориере дела Сера“ мечот би требало да биде одигран.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После бројните притисоци наводно ракводството на Серија А попуштило, па одлучило натпреварот да се одигра на нов датум, 13 јануари.

Сепак, Наполи нема да помине без казна. На нив би требало да им биде одземен бод и судејќи според сегашната ситуација тоа ќе биде казната за тимот на Гатузо.

Ваква одлука сигурно нема да му се допадне на Јувентус и се очекува „старата дама“ да поднесе жалба доколку ова биде конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул пронајде засилувње во – Црвена Звезда!

Андрија Максимовиќ може да ја продолжи својата кариера во редовите на англискиот великан Л…