Дома Фудбал Италија Џенова ги соопшти заразените со Ковид, Пандев негативен!

Џенова ги соопшти заразените со Ковид, Пандев негативен!

Џенова вчера потврди дека има 11 фудбалери заразени од коронавирус и четворица членови на стручниот штаб.

Италијанскиот клуб денес ги објави имињата на позитивните фудбалери, а најважно за нас е што македонскиот репрезентативец Горан Пандев е негативен.

Пандев за спортски.мк потврди дека е негативен и дека направил втор тест, а денес се покажа дека и вториот тест е негативен.

Франческо Касата, Лукас Лерагер, Федерико Маркети, Филипо Мелегодни, Лука Пелегрини, Матиа Перин, Марко Пјаца, Иван Радовановиќ, Ласе Шоне, Давиде Запакоста и Валон Бехрами, се фудбалерите кои се позитивни на Ковид 19.

Иако неколку од овие играчи играа против Наполи, тестовите на наполитанците покажаа дека нема фудбалери позитивни на коронавирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Падна договор: Ливаковиќ ќе потпише за Барселона!

Доминик Ливаковиќ наскоро ќе стане нов член на Барселона. Каталонскиот гигант постигна усе…