Дома Трансфер зона Официјално: Игуаин е нов играч на Интер Мајами

Официјално: Игуаин е нов играч на Интер Мајами

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Гонзало Игуаин кариерата ќе ја продожи во МЛС лигата во дресот на Интер Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот го раскина договорот со Јувентус и доби бонус од 4 милиони евра, па како слободен агент се пресели во тимот на Дејвид Бекам.

Игуаин ќе биде најплатен фудбалер во МЛС лигата и според договорот годишно ќе заработува 7,5 милиони евра.

„Како прво, сакам да му се заблагодарам на Интер Мајами за напорот што го вложија за да ме донесат. Сигурен сум дека ова ќе биде убаво искуство во мојот живот. Тоа и е она што го барав, ново искуство во нова лига и во убав град. Среќен сум што сум овде и што конечно трансферот стана официјален“, изјави Игуаин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…