Дома Фудбал Лига на шампиони Не се случило од 1991. година: Полуфинале во ЛШ без агнлиска, шпанска и италијанска екипа

Не се случило од 1991. година: Полуфинале во ЛШ без агнлиска, шпанска и италијанска екипа

Манчестер Сити се опрости од ЛШ со поразот од Лион (3:1).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лион после Јувентус приреди уште една сензација, а сега ги имаме и паровите во полуфиналето. Така, за трофејот ќе се борат Баерн – Лион и Лајпциг – ПСЖ.

Значи, две германски и две француски екипи во самата завршница на најелитното клупско натпреварување.

Тоа значи дека за прв пат после 1991. година имаме полуфинале во кое нема да има барем една екипа од Шпанија, Италија или Англија.

Кога сме кај 1991. година, тогаш финале во ЛШ играа Црвена Звезда и Марсеј, а београдскиот тим бешеевропски првак. Во полуфиналето уште беа Спартак Москва и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го финализира трансферот на бек

Барселона го финализира заемот на Хосуе Кайседо, кој во следната сезона ќе игра за дуплира…