Дома Фудбал Англија Погба ќе почне од клупа против Тотенхем

Погба ќе почне од клупа против Тотенхем

Пол Погба е спремен за игра, но натпреварот со Тотенхем во петок ќе го започне од клупата за резерви.

Очекувањата беа дека Французинот ќе формира тандем со Бруно Фернандеш, откако двајцата одиграа многу добро во контролната против Вест Бромвич.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Поради повеќе повреди на глуждот, Погба има само два настапи од септември и сега се претпоставува дека Солскјер нема да брза да го враќа во почетниот состав.

Навивачите се надеваа дека двајцата ќе играат заедно веднаш, но Солскјер преферира да започне со оние кои добро играа пред паузата, како Фред, Скот Мектомини и Немања Матиќ.

Погба дефинитивно би можел да биде џокер во потрагата на „црвените ѓаволи“ кои се борат за место во Топ 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Забележа ѕвезда на Барселона како плаче, па му одржа лекција пред сите

Иако Барселона минатата сезона освои тројна круна во Шпанија, многу болен момент беше кога…