Дома Фудбал Италија Игуаин се врати со вишок килограми па се повреди

Игуаин се врати со вишок килограми па се повреди

Поради повреда на мускулот напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Милан.

Игуаин по враќањето на тренинзите има проблем со повреда. Аргентинецот се врати во Торино со вишок килограми, а на тренингот го повреди мускулот.

Неговиот проблем не е сериозен, но е доволен да го пропушти реваншот од куп натпреварот против Милан кој се игра на 12 јуни во Торино.

Иднината на Игуаин во Јувентус се уште е неизвесна, но наводно 32 годишникот му кажал на Маурицио Сари дека ќе направи се за да се врати во форма најбрзо што може и да биде од корист на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Риера по шокантниот пораз на Звезда: Газдата ќе ме казни мене, а јас фудбалерите

Црвена звезда доживеa еден од најтешките европски порази во новата историја, а тренерот на…