Дома Фудбал Германија „Дер Класикер“ за титула: Сите очи вперени во Халанд и Левандовски

„Дер Класикер“ за титула: Сите очи вперени во Халанд и Левандовски

Бундеслигата е првото од најдобрите пет првенства во Европа која ја продолжи сезоната и само не потсети колку ни недостасувал фудбалот изминатите месеци.

Денес на програмата е големото дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, популарното „Дер Класикер“ кое може директно да одлучи за титулата. „Милионерите“ моментално заостануваат четири бода и со победа ќе ја направат завршницата исклучително интересна. Во спротивно Баварците ќе бидат на чекор до нова титула во Бундеслигата.

Да се биде или не за Борусија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Милионерите“ во овој меч влегуваат со четири поени негатива зад вечниот ривал и единствена опција за нив е победа, ако се знае дека до крајот на првенството остануваат уште 7.кола вклучувајќи го и денешниот меч. Домаќините на овој дуел многу веројатно ќе бидат без Санчо кој има ситна повреда, но добрата вест за тренерот Фавр е што Хумесл и Витсел се рехабилитраа и ќе бидат спремни за дербито. Дортмунд во продолжението на сезоната покажа дека е во одлична форма и запиша две победи на кои постигна шест гола, а не прими ниту еден. Домашниот терен сепак ќе биде мала предност за „милионерите“ и покрај фактот што мечот ќе се игра без публика.

Баерн и со проблеми е недостижен за конкуренцијата

Баварците лошо ја отворија сезона, имаа тренерска смена и многу проблеми, но и во такви околности Баерн е недостижен за конкуренцијата и брзо се искачи на врвот на табелата. Баварците оваа сезона имаат големи дефанзивни проблеми, што се виде на последниот меч со Ајнтрахт кога примија два гола, а можеа да примат уште толку. Флик за овој меч нема да може да смета на услугите на Филипе Кутињо и Тиаго Алкантара, но нападот предводен од Левандовски е најсилниот адут на Баварците.

Дуел Левандовски – Халанд

И двајцата имаат сезона за паметење и со 41 постигнат гол се меѓу најдобрите стрелци во Европа. Левандовски со 27 гола е прв стрелец во Бундеслигата и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 11 погодоци. Норвежанецот пак веднаш се адаптираше во Бундеслигата и продолжи таму каде што застана во Салцбург.

Поради тоа со право овој натпревар се гледа како дуел на двајцата фантастични голгетери и се очекува да бидат клучни за крајниот резултат. Во отсуство на врвен фудбал во Европа, денес сите очи ќе бидат вперени кон ова дерби, а тоа може да биде додатна мотивација за нив.

Предлог тип

Ова е дуел на два одлични напади и очекуваме многу голови. Нашиот предлог е „повеќе од 3,5 гола“, а тоа може да го изиграте во Coinbet24 со коефицинет 2.03

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во Манчестер Сити заработува милиони, но и понатаму вози „Голф“ 🎥

Дефанзивецот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Хрватска, Јошко Гвардиол летото минат…