
Денешното коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) беше проследено со серија инциденти и реакции кои ја засенија спортската страна на настаните. Натпреварите завршија со бурни сцени, а атмосферата на терените беше далеку од мирна.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најпрво, екипата на Воска Спорт го прекина натпреварот против Вардар, откако играчите решија да го напуштат теренот на околу петнаесетина минути пред крајот, при резултат 1-1. Причината беше незадоволство од судиската одлука по спорната ситуација што претходеше на голот на Вардар.
Најдраматично, сепак, беше по завршувањето на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар, каде дојде до физичка пресметка. На видеоснимките кои се појавија на социјалните мрежи, може да се забележи како во конфликтот се вмешуваат не само фудбалери и членови на стручните штабови, туку и лица кои не се официјално дел од клубовите.
Фото: Принтскрин