Поради пандемијата со коронавирусот фудбалот е во прекин, па клубовите бележат големи финансиски загуби.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа ќе ги натера фудбалските клубови да го намалат бројот на вработени и да ги намалат платите на фудбалерите, а таков потег веќе повлече Јувентус.
Јувентус реши да им ја скрати платата на фудбалерите во следните четири месеци. Ѕвездите ја прифатија одлуката и се откажаа од дел од платата за март, април, мај и јуни за да му помогнат на клубот.
Еден од најтешко погодените со одлуката е најплатениот фудбалер во клубот, Кристиано Роналдо, кој ќе остане пократок за 10 милиони евра.
Роналдо, кој заработува 31 милион евра годишно, се согласи на ваквиот потег, со што ја покажа својата лојалност кон клубот.