Ромалу Лукаку ова лето го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Интер каде блеска оваа сезона во Серија А.
Белгиецот после лошата сезона на „Олд Трафорд“ реши да го напушти клубот, а голема битка за неговиот потпис водеа италијанските гиганти Интер и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лукаку потврди дека бил блиску до трансфер во Јувентус и откри зошто се одлучил да потпише за Интер.
„Интер и Јуве се натпреваруваа за мене. Бев блиску до премин во двата клуба, но се одлучив за Интер, затоа што Антонио Конте е вистинскиот стратег. Тој знае како да се однесува со играчите и од него научив многу лекции“, истакна Лукаку.
„Уште како дете Интер беше мојот клуб во Италија. Го следев примерот на Андриано и Роналдо. Кога ме контактираше Интер, клубот и тренерот Конте, кој своевремено сакаше да ме ангажира во Челзи и Јувентус, помислив дека е вистинско време да заминам таму и да работам напорно“, додаде напаѓачот.