Дома Фудбал Италија Статистиката вели: Јувентус е подобар кога играат Роналдо и Дибала

Статистиката вели: Јувентус е подобар кога играат Роналдо и Дибала

Паоло Дибала од поодамна се најавува како следна голема ѕвезда на Јувентус. Меѓутоа неговиот статус во клубот многумина започнаа да го доведуваат во прашање кога Кристиано Роналдо дојде во клубот.

Многумина сметаа дека Роналдо и Дибала не можат да играат заедно, дека нема простор за двајцата во исто време да бидат на теренот…Меѓутоа статистиката покажува дека Јувентус е подобар кога Роналдо и Дибала се во исто време на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бјанконерите“ победиле на 15 од 19 натпревари во кои Дибала и Роналдо играле заедно. Еден натпревар е завршен без победник, додека со Аргентинецот и Португалецот во тимот Јувентус запишал три порази.

Кога овие бројки ќе се претворат во проценти, Јуве со Дибала и Роналдо победил на 78.9% од натпреварите.

И бројот на постигнати голови кога Дибала и Роналдо играат заедно е поголем од кога тоа не е случај. Така во натпреварите во кои споменатиот тандем е на теренот Јувентус има просек од 2.1 гол по натпревар, додека во останатите на процент од 1.5 гол по натпревар.

Треба да се истакне и дека Јувентус о Дибала и Роналдо на теренот освојува 2.3 бодови по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…