Искусниот бразилски стратег Луис Фелипе Сколари веќе некое време е без куб откако го напушти Палмеирас.
Овој 71 годишен тренер одлучи да земе пауза од тренерската работа, но порача дека се уште нема намера да оди во пензија. Сколари неодамна даде интерсно интервју во кое зборуваше за разни работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сколари зборуваше и за вечната дилема, кој е подобар фудбалер од Меси и Роналдо. Поранешниот селектор на Бразил ги пофали двајцата, но даде до знаење дека повеќе е наклонет кон Меси.
„Единствена лоша работа во животот на Роналдо е Меси. Ако го немаше Меси, Роналдо сигурно ќе беше барем пет пати по ред најдобар играч во светот“, изјави Сколари.
Сколари во својата кариера водеше разни клубови. Негов најголем успех е освојувањето на Светското првенство со Бразил во 2002 година. Со Роналдо соработуваше додека беше селектор на Португалија од 2002 до 2007 година.