Дома Фудбал Останато Браида: Сакам Меси да заигра за Милан

Браида: Сакам Меси да заигра за Милан

Поранешниот директор на Милан и Барселона, Алфредо Браида зборуваше за можноста Меси да ги напушти Каталонците.

Засега најавите дека Меси би можел да ја напушти Барселона поради конфликтот со Абидал се зимаат со доза на резерва. Браида кој во текот на кариерата беше спортски директор во Милан и Барса смета Меси ќе остане на „Ноу Камп“, но зборуваше и за тоа каде Аргентинецот би се снашол добро.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Лично мислам дека Меси нема да ја напушти Барселона. Во Барселона и понатаму игра фантастично, но можам да го замислам и во друга средина. Кој би можел да го купи? Дефинитивно некој англиски клуб, но и некои клубови од Серија А. Меси би го препородил било кој тим, како што Барса би бил обична екипа без него. Каде јас би сакал да заигра? Во Милан“, изјави Браида, а потоа беше запрашан и за можноста да заврши во Јувентус кај Роналдо.

Роналдо и Меси не би имале проблем да играат во ист тим бидејќи двајцата се чудесни играчи“, објасни Браида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…