Дома Трансфер зона Милан најде замена за Сусо: Пристигнува ѕвездата на Андерлехт

Милан најде замена за Сусо: Пристигнува ѕвездата на Андерлехт

Милан во зимскиот преоден рок се ослободи од Сусо и Пјонтек, па сега е во потрага по нов напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сусо после цели четири години го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во Севиља, а „росонерите“ од тој трансфер ќе заработат 22 милиони евра плус бонуси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе пронашол замена за Шпанецот и е во напредни преговори со Андерлехт за трансфер на Алексис Селемаркс.

Станува збор за 20-годишен крилен напаѓач кој оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Милан брза да го комплетира трансферот до затворање на трансфер прозорецот, а Белгиецот би требало да ги чини „росонерите“ 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…