Дома Топ вести Ништо од Пандев: Интер најде напаѓач во Франција

Ништо од Пандев: Интер најде напаѓач во Франција

Интер е во потрага по напаѓач до крајот на преодниот рок, а денес како „бомба“ одекна веста на Апенините дека „нероаѕурите“ би можеле да го ангажираат Горан Пандев.

Веста ја објави експертот за трансфери и новинар на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио кој тврди дека Интер веќе направил контакт со Џенова бидејќи Пандев би бил најефтино решение до крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, набрзо стигна демант на ваквите тврдења, па „Спортиталија“ лансираше ново име за кое преговараат „нероаѕурите“.

Станува збор за алжирскиот напаѓач Ислам Слимани, кој моментално настапува во Монако како позајмен фудбалер од Лестер.

Интер сака да го донесе напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп, а потврда стигна и од француските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Надал во Мадрид направи нешто што не му успеало две години

Спортската јавност долго време го чекаше враќањето на поранешниот најдобар тенисер во свет…