Дома Фудбал Англија Солскјер пред дуелот со Сити напомна за дуелот против ПСЖ

Солскјер пред дуелот со Сити напомна за дуелот против ПСЖ

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред реванш дуелот со Манчестер Сити се потсети на големото изненадување кое неговиот тим го направи против ПСЖ во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првиот меч „црвените ѓаволи“ загубија на домашен терен со 1:3, па сега ќе им биде потребно „чудо“ за да ги елиминираат градските ривали.

„Мора да имаме перфектен натпревар за да победиме против толку добра екипа со потребните два гола разлика. Мора да се вратиме и да размислиме за средбата со ПСЖ дека такво нешто е остварливо. Покрај тоа, натпреварот што го игравме во декември исто така ни дава надеж. Ги победивме последен пат, кога малку беа во криза, но по тој меч тие почнаа да играат многу добро“, изјави Солскјер, а потоа зборуваше за проблемот со повредени играчи.

„Ги загубивме Скот Мактомини и Маркус Рашфорд во споредба со првиот натпревар. Изборот на играчи ни е намален, но мораме да се носиме со ситуацијата. Треба да се обидеме да оствариме што поголем посед на топката и да ги натераме играчите на Сити да трчаат по нас“, додаде Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(ВИДЕО) Најголемата грешка во кариерата на Муслера, Зеленортските Острови се квалификуваа и ќе играат против светскиот шампион!

Репрезентацијата на Шпанија денес во Гвадалахара успеа да го победи Уругвај со резултат 1:…