Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше многу задоволен од победата од 2:0 синоќа над Барнли и особено од фактот што неговиот тим не прими гол.
Последниот натпревар без гол на „црвените ѓаволи“ беше против Лестер во септември, па Солскјер ги пофали своите дефанзивци и голманот Давид Де Геа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во првото полувреме ги поставивме темелите за да можеме да излеземе и да се одбраниме во второто полувреме. И во одбрана бевме брилијантни. Хари Мегваер и Виктор Линделоф беа брилијантни против двајца одлични напаѓачи како Крис Вуд и Ешли Барнс. Ниту еден централен дефанзивец не би сакал да застане против нив. Бековите беа исто така многу, многу агресивни во стопирањето на центар-шутевите, а кога ги имаше, Хари и Виктор беа неверојатни. Особено Хари имаше неколку клучни интервенции на крајот“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед со оваа победа дојде на само еден бод од четвртото место, а менаџерот уште еднаш потврди дека целта на „црвените ѓаволи“ оваа сезона е пласман во Топ 4.