Дома Останати Кошарка НБА Док Риверс: Дончиќ игра како да има 40 години

Док Риверс: Дончиќ игра како да има 40 години

На словенскиот „вондеркид“ Лука Дончиќ му се поклони и тренерот на ЛА Клиперс – Док Риверс.

Дончиќ со игрите во дресот на Далас Маверикс ја воодушеви кошаркарската јавност и многумина веќе го споредуваат со најдобрите на светот. Чудата што го прави на паркетот не го остави рамнодушен ни тренерот на ЛА Клиперс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа што ЛА Клиперс успеаа да ги запрат Лука Дончиќ и Маверикс славејќи со резултат од 114-99, Риверс по натпреварот не ги поштеди своите пофални зборови шалејќи се дека не е можно Словенецот да има само 20 години.

„Дончиќ не е млад, мислам дека има 40 години. Предобро игра за да може да биде толку млад колку што кажува“, изјави Риверс, пренесуваат американските медиуми.

Натпреварот против ЛА Клиперс Дончиќ го заврши со постигнати 22 поени и 8 скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Леброн се огласи по најавите дека го одиграл последниот натпревар за Лејкерс

Тимот на Денвер го исфрли Лос Анџелес Лејкерс во првото коло од НБА плејофот со вкупни 4:1…