Дома Фудбал Останато „Ми зборуваа дека можам да играм во Реал и Барса, самиот сум виновен што тоа не се случи“

„Ми зборуваа дека можам да играм во Реал и Барса, самиот сум виновен што тоа не се случи“

Maроканецот Адел Тарабт денес игра во Бенфика каде што на 30 години се обидува да ја оживеа кариерата.

Овој офанзивец своевремено важеше за еден од најталентираните во Европа, меѓутоа повредата на грбот и понекогаш проблематичното однесување влијаеа на тоа кариерата да му тргне во надолна линија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Не сакам на таков начин да зборувам за себе, но кога бев помлад луѓето ми зборуваа дека имам потенцијал да играм во Реал Мадрид или Барселона. Тоа во еден момент ми го кажа и Лука Модриќ. За жал тоа никогаш не се случи. Не се виновни другите колку што сум јас самиот“, изјави Тарабт за „Four Four Two“.

Инаку, Тарабт играше за Ленс, Тотенхем, КПР, Фулам, Милан, Бенфика и Џенова, а ги помина и младинските селекции на репрезентацијата на Франција. На крајот се одлучи да игра за сениорската селекција на Мароко за која настапи на 19 натпревари и постигна четири гола.

Најдобриот фудбал го играше во англискиот Квинс Парк Ренџерс каде што на 164 натпревари постигна 34 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен фудбалер од МЛС шокираше: Не одете во Интер Мајами додека е Меси таму, ужасно и страшно – сите заминуваат!

Поранешниот полски репрезентативец и екс фудбалер во Д.C. Јунајтед и Атланта Јунајтед во М…