Лионел Меси не го заврши натпреварот против Виљареал на „Камп Ноу“.
За Меси тоа беше прв старт во Ла Лига после повредата на листот во текот на припремниот период.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Аргентинецот има проблеми со повреда на стартот од актуелната сезна. Во предсезоната го повреди листот поради што не патуваше со екипата на американската турнеа. Поради таа повреда прв пат во Ла Лига сезонава стартуваше дури во шестото коло.
Меѓутоа во текот на првото полувреме Меси имаше проблем со препоната, па доби третман од докторите за да го заврши тој дел од натпреварот.
#LaLiga ? | #BarcaVillarreal ⚽
— Diario SPORT (@sport) September 24, 2019
? ¡OJO! Messi recibiendo tratamiento en el muslo…
? Calienta Dembélé…
?? 2 ? 0 ?? (28') #EnDirecto ▶️ https://t.co/jHAJCD5zqn pic.twitter.com/S2XQFZdem8
„Марка“ пишуваше дека во Барселона стравуваат поради степенот на неговата повреда, сепак Валверде убедува дека не е ништо сериозно.
„Не е ништо повеќе од обична непријатност, измената ја направивме поради претпазливост“, изјави тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде.
Меси оваа сезона играше само уште во натпреварите против Борусија Дортмунд каде што влезе во последниот половина час и против Гранада кога го одигра второто полувреме.