Дома Фудбал „Марка“: Во Барселона стравуваат за степенот на повредата на Меси

„Марка“: Во Барселона стравуваат за степенот на повредата на Меси

Кратко траеше среќата на Барселона. Лео Меси издржа само 45 минути на теренот против Виљареал после што почуствува болка и не можеше да го продолжи натпреварот.

Меси седна на тревникот и не стануваше, а тежината на повредата не е позната, иако изгледа дека се работи за лесна повреда поради која не би требало долго да изостанува. Повеќе ќе се знае после прегледите кои ќе бидат направени денес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак извесно е дека Меси нема да биде спремен за настап против Гетафе следниот викенд па Барселона повторно се наоѓа во проблеми.

„Марка“ пишува дека Меси бил последната сламка за спас за Валверде и дека без него Барселона не може да се врати на победничките патеки.

Меси беше последната шанса за спас на сезоната, а сега со нетрпение во клубот ќе ги чекаат резултатите од неговите прегледи. Ако се покаже дека е потребна повеќемесечна пауза, многумина веруваат дека Барселона нема многу шанси да има сезона каква што се очекува од овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…