Ливерпул не се откажува од идејата да ја донесе на „Енфилд“ младата ѕвезда на Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесуваат англиските медиуми.
20-годишниот крилен напаѓач Самуел Чуквуезе се афирмираше во еден од најценетите млади играчи во Европа.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Ливерпул веќе подолго време го следи Нигериецот, ова лето испрати и понуда за неговиот потпис, но не успеа да го донесе на „Енфилд“.
Чуквуезе е следен од многу европски гиганти, тој тврди дека негов идол е Арјен Робен, па се труди на теренот да го копира Холанѓанецот.
Тој во својот договор со Виљареал има откупна клазула во износ од 60 милиони евра и не би било чудо ако Ливерпул следното лето се одлучи да ја плати таа сума за неговиот потпис.