Евертон е еден од играчите за кои многу се шпекулираше ова лето
Фудбалерот на Греми изгледа е подготвен да се обиде во европскиот фудбал, голем број клубови покажаа интерес, но никој не беше сериозен како Милан. Се обидоја и во претходните траснфер периоди да го доведат, беше меѓу желбите на поранешниот спортски директор Леонардо, Бобан и Малдини во финишот од трансфер периодот се обидоја да го реализираат трансферот, но се појавија проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се вмешаа и агентите на неговиот поранешен клуб Форталеза, „Росонерите“ мораа да платат 40 милиони евра и да преговараат на сите страни. Се откажаа, особено дека беше премногу комплицирано, но тоа не значи дека нема повторно да се обидат да преговараат.
Италијанските медиуми пишуваат дека самиот фудбалер инсистирал на трансфер на „Сан Сиро“ и дека уште во јануари Милан би можел да тргне во нов напад по неговиот потпис. Доколку тоа сепак не се случи на почетокот на следната година, извесно е дека Милан следното лето ќе се обиде да го доведе во своите редови, но до тогаш конкуренцијата би можела значително да порасне.