Дома Фудбал Италија Икарди објасни зошто го избра ПСЖ: Чекор напред во кариерата!

Икарди објасни зошто го избра ПСЖ: Чекор напред во кариерата!

Како што се најавуваше во претходните денови, Мауро Икарди синоќа се пресели во екипата на ПСЖ.

Икарди се скара со Интер, па се бореше за своите права, а сакаше да се пресели во Јувентус, но таа желба не му се исполни, па „спас“ во последен час понуди ПСЖ.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Интер го испрати на едногодишна позајмица, а клубот од Париз ќе има можност следното лето да го откупи за 70 милиони евра.

„За мене ова е чекор напред во кариерата и одлична можност да останам на највисоко ниво во фудбалот. Тоа беше од клучно значење кога ПСЖ ме контактираше“,изјави 26-годишниот голгетер.

„Ги познавам сите Аргентинци во клубот како и Кавани, а се познавам и со Нејмар. Специјално е чувството што ќе играм заедно со него. Убеден сум дека перфектно ќе се вклопам во тимот. Се надевам дека ќе помогнам во освојувањето на многу трофеи“, додаде Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клубовите и навивачите разочарани кога слушнаа каде ќе се игра Светското клупско првенство во 2029 година.

Светското клупско првенство оваа година за првпат се играше во нов формат откако FIFA вове…