Дома Фудбал Италија Маркизио: Не играм за друг италијански клуб, а во Кина не можев за тоа што тој клуб е близок со Интер

Маркизио: Не играм за друг италијански клуб, а во Кина не можев за тоа што тој клуб е близок со Интер

Кладуио Маркизио ова лето стана слободен играч откако го раскина договорот со руски Зенит.

Италијанецот долги години беше член на Јувентус, а потоа минатиот септември како слободен играч потпиша договор со Зенит со 2020 година. Сепак, во текот на сезоната се здоби со тешка повреда и процени дека е подобро и за него и за клубот да го раскине договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова лето за мене беше поинакво затоа што немав припреми со некој тим. Ми треба малку повеќе време за рехабилитација, но скоро да сум готов и успевам да ги наполнам батериите подобро отколку во групна работа. Знаев дека оваа операција ќе ме чини многу време, па најдобро за сите беше да го раскинам договорот со Зенит. Им посакувам се најдобро во новата сезона“, порача Маркизио.

Маркизио се поврзуваше со Бреша и кинескиот Сунининг, но до трансфер во некој од овие два клуба не дојде и според неговата изјава нема да дојде.

„Секако дека сакам да играм и понатаму. Имав понуда од Сунинг, но тој клуб е премногу близок со Интер и поради тоа не можев да ја прифатам нивната понуда. Добив понуди и од некои италијански клубови, меѓутоа ги одбив бидејќи сакам да го одржам моето ветување дека нема да играм за друг клуб во Серија А освен Јувентус“, јасно порача италијанскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…