Дома Фудбал Англија Ова е тимот на сезоната во Премиер лигата!

Ова е тимот на сезоната во Премиер лигата!

Здружението на професионални фудбалери на Англија (ПФА), го избра најдобриот тим во Премиер лигата сезонава, каде доминираат играчи на Челзи и Тотенхем.

Свечената церемонија, која е 44-та по ред и на која ќе бидат прогласени најдобрите во Премиер лигата, според изборот на ПФА, ќе се одржи наредната недела.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


ПФА го објави идеалниот тим за сезоната 2016/2017, а во него се наоѓаат голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, додека дефанзивната четворка ја формираа играчите на Челзи – Гери Кејхил и Давид Луиз, односно Тотенхем- Кајл Вокер и Дени Роуз.

Во редот за врска се Нголо Канте од Челзи, Деле Али од Тотенхем, Садио Мане од Ливерпул и еден Азар од Челзи.

Нападот го предводат Хари Кејн од Тотенхем и голгетерот на Евертон Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн со порака до Сане: „Не сакаш? Нема проблем“.

Фудбалерите на Баерн се во исчекување на голема прослава со своите навивачи во Минхен, дод…