Италијанскиот тренер Клаудио Раниери оваа сезона доби отказ од Лестер, иако пред само девет месеци ги предводеше „лисиците“ до сензационалното освојување на шампионската титула во Премиер лигата.
Потегот на челниците на Лестер ја шокираше светската спортска јавност која веднаш почна да шпекулира дека играчите „кумувале“ на неговиот отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да верувам дека моите фудбалери ме предадоа. Не, не, не. Можеби некој зад мене. Имав проблеми и претходната година и ја освоивме титулата. Па можеби оваа година, кога губевме, овие луѓе притиснаа малку повеќе и добив отказ“, изјави Раниери.
„Слушам многу приказни. Но, нема да кажам кој е тој. Јас сум лојален човек. Тоа што имав да го кажам, му го кажав нему лице во лице. Натпреварот со Севиља беше пресвртниот, сите се бореа заедно, Џејми Варди постигна гол. Но на патот накај дома сфатив дека ќе бидам отпуштен. Тоа беше шок за мене и за многу други луѓе“, објасни Раниери за англиските медиуми.