Дома Фудбал Англија Венгер: Топ 4 во Англија е како освојување на трофеј!

Венгер: Топ 4 во Англија е како освојување на трофеј!

Арсен Венгер на денешната пресконференција ја коментираше битката за Топ 4 во Премиер лигата и место кое води во Лигата на шампиони.

Арсенал би можел да го пропушти елитмиот турнир за прв пат после 20 години, па Венгер потсети дека воопшто не било лесно постојано да се завршува меѓу најдобрите четири во Премиер лигата.


„Ќе биде голем предизвик да завршиме во топ четири оваа сезона, но мислам дека имаме шанси. Овој успех го постигнував 20 години, и секогаш изгледаше како ништо посебно, но одеднаш стана многу важно”.

„Луѓето сега разбираат дека не е толку лесно како што изгледа, и ако го слушнавте Пеп Гвардиола пред некој ден, тој рече дека дека топ четири во Англија е исто како освојување на трофеј”, изјави Венгер.

Францускиот стратег и овој пат одби да одговори на прашања поврзани за неговата иднина во Арсенал.

„Сум одговил на тоа прашање многу пати, а вие повторно ме прашувате. Не се секирајте, ќе разберете наскоро“, одговори Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светскиот шампион од 75 милиони евра најде дом во Мадрид, потпишува за Реал!

Во Мадрид, започнува нова ера, со новиот тренер Хаби Алонсо и забележливо променет состав …