Дома Фудбал Останато Скапите ѕвезди на ПСЖ играа продолженија со третолигаш (ВИДЕО)

Скапите ѕвезди на ПСЖ играа продолженија со третолигаш (ВИДЕО)

Вилефранче е тим кој минатата сезона избори пласман во третиот ранг од францускиот фудбал, а денес доби прилика да игра против ПСЖ во купот на Франција.

Добро се држеше Вилефранче во осминафиналето и ПСЖ ги елиминираше дури после продолженија каде што „светците“ постигнаа три гола.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во натпреварот кој беше одигран на стадионот на Лион, ПСЖ очекувано доминираше и имаше поголем број прилики, но и Вилефранче пропушти свои прилики.

ПСЖ напаѓаше констатно, сепак во регуларните 90 минути не видовме погодок.

Првиот погодок за фаворитот го постигна Кавани во 102-та минута, за Муса Диаби после асистенцијата од Мбапе да зголеми на 0:2 во 113-тата. Конечните 0:3 го постави Мбапе во 119 –тата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …