Дома Останати Кошарка НБА „Јас не сум Дончиќ“ – кошаркар на Далас има проблем со популарноста на Лука (ФОТО)

„Јас не сум Дончиќ“ – кошаркар на Далас има проблем со популарноста на Лука (ФОТО)

Лука Дончиќ игра фантастична прва сезона во НБА лигата во дресот на Далас Маверикс и е вистинско освежување во најсилната кошаркарска лига.

За жал иако доби четири милиони гласови од фановите (само Леброн имаше повеќе) нема да биде дел од „Ол-Стар“ натпреварот поради малиот број гласови од новинарите, тренерите и играчите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Еден соиграч на Дончиќ имал сериозен проблем поради популарноста на Словенецот во САД.

Имено, Германецот Макси Клебер откри дека фановите многу често го мешаат со Дончиќ, а сега тој пронајде решение за чудниот проблем.

„Поради нешто луѓето ме мешаат со Лука. Стануваат возбудени и сакаат да има дадам автограм. Јас ќе им одговорам „не сум Дончиќ“. Тогаш тие се разочарани и не потпишувам ништо“, стои на неговиот Твитер профил со фогорафија на која носи дуксер на кој пишува „Јас не сум Дончиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Индијана го совлада Њујорк и закажа „мајсторка“ за пласман во конференциското финале

Индијана со 116-103 го совлада Њујорк и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на истокот…