Дома Фудбал Останато Во исчекување на „Златната топка“ Модриќ однесе голема победа

Во исчекување на „Златната топка“ Модриќ однесе голема победа

Она што се најавуваше во претходните денови низ медиумите во Хрватска сега доби и официјална потврда.

Општинскиот суд во Загреб оваа година ја отфрли тужбата против Модриќ, но обвинителството испрати жалба. Сега против, судот ја отфрли и жалбата и постои можност за испраќање на нова жалба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Играчот за врска на Реал Мадрид се обвинуваше дека на судењето за Здравко Мамиќ не ја зборувал вистината и давал лажни изјави во корист на првиот човек на Динамо.

Мамиќ подоцна беше осуден на затворска казна од шест ипол години, но ја напушти Хрватска и замина во Босна каде што се уште се наоѓа.

Оваа потврда која е одлична вест за Модриќ доаѓа во денот кога фудбалерот ја исчекува „Златната топка„ која ќе се додели вечерва и признание за кое Модриќ е главен фаворит.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ остана „осакатен“ за време на репрезентативната пауза – загуби две ѕвезди!

Репрезентативната пауза се покажа како најскапа за Пари Сен Жермен. Францускиот шампион ос…