„Фудбал Ликс“ продолжува да ја тресе фудбалската јавност со скандалозните документи кои ги објавува, а се поврзани со малверзациите во фудбалот и договорите на фудбалерите.
Сега во центарот на голем скандал се најде екс-ју легендата Предраг Мијатовиќ заедно со неговиот партнер од Бања Лука, Владо Лемиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повикувајќи се на документи на „Фудбал Ликс“ медиумите објавуваат информации според кои пари од трансферот на Модриќ влегле во Република Српска, а во позадина биле Мијатовиќ и Лемиќ.
Причината што била избрана српската држава, а на некоја друга е даночниот рај кој изнесува 10%, додека менаџерската компанија (со седиште во Белгија) која е во сопственост на Лемиќ „Топ Спорт Консалтинг“ во Белгија би требала да плати данок од 33%.
Поврзаноста на Модриќ со Мијатовиќ и Лемиќ започнала во 2012 кога фудбалерот го направи трансферот на кариерата и Тотенхем го замени со Реал Мадрид. Претходен менаџер на Модриќ бил Давор Ќурковиќ кој го пренел Модриќ во агенцијата на Лемиќ. Сепак, се наведува дека Мијатовиќ и Лемиќ и понатаму како официјален менаџер го користеле Давор Ќурковиќ бидејќи имал официјална диплома за менаџер (за да ги испочитуваат правилата на ФИФА).
Лука Модриќ во 2012 година основал фирма со седиште во Луксембург во која била скриени 15% од неговата плата во Реал и тоа во форма на маркетиншки права. Потоа „Национал“ повикувајќи се исто така на „Фудбал Ликс“ открива дека Модриќ поради платил 1.4 милиони даночни трошоци на шпанските власти, а тоа го направил во замена на осум месечна условна затворска казна.
Владо Лемиќ во 2014 дестинацијата за хорнорари ја сели во БиХ што се гледа со покачувањето на платата на Модриќ во Реал. Откако Модриќ ставил потпис на нов договор со Реал Мадрид, тој потпишал таен агентски договор со „Топ Спорт Консалтинг“. Оштетата за обновата на договорот изнесувала 2.4 милиони евра на три рати преку НЛБ банката, банка која имаше сериозни проблеми со почитувањето на правилата за перење на пари.